Свет

(Видео) Снимки од Белград: Преполни улици, студентите испишуваат историја, коментираат медиумите

Илијана Милановић @m_ilijana

Во главниот град на Србија се одржува протест организиран од студенти кои веќе три и пол месеци ги блокираат универзитетите низ земјата, барајќи политичка и правна одговорност за смртта на 15 лица при уривање на настрешница во Нови Сад. На собирот не се забележани никакви инциденти. За протестите, дел од медиумите во Србија пишуваат дека се најмасовните кои се паметат и со нив се испишува историја.

Студентка на Славија која читаше говор на сцената рече „ние сме тука затоа што предолго страдавме, но нема повеќе“, додавајќи дека „повеќе нема да се дозволи корупцијата да загрозува нечиј живот“.

„Тука сме затоа што повеќе нема да дозволиме да ни ја одземате слободата, затоа што меѓусебно се заштитуваме, како што го лишивте студентот Реља и другите граѓани на протестот во Нови Сад. Тука сме затоа што повеќе нема да дозволиме функционери од која било партија организирано да напаѓаат студенти, како што ги нападнаа студентите на Факултетот за драмски уметности“, рече таа.

Студентката во својот говор истакна дека студентите повеќе нема да дозволат да бидат газени, како што ги газеа музичарите на белградската филхармонија, лекарите и студентите.

На почеток