Свет

Зеленски по разговорите за прекин на огнот: Путин планира неколку нови офанзиви

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави по вчерашниот договор за ограничен прекин на огнот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин дека рускиот претседател планира неколку нови офанзиви.

„Путин сака да започне неколку офанзиви во правец на Запорожје, на исток, во правец на Харков и Суми со цел да изврши максимален притисок врз Украина. Тој ќе се обиде да го направи тоа во наредните месеци. И не му е грижа колку од неговите луѓе ќе загинат“, рече Зеленски.

„Тој, заедно со неговите Севернокорејци, пријателите од Иран и беспилотните летала Шахед, сака да влезе во нашите територии што е можно повеќе за да повика на прекин на огнот во одреден момент со помош на Украина, за да се најде во поповолна ситуација и да изврши максимален притисок врз Украина, нашиот народ и мене лично. Тоа е факт“, рече Володимир Зеленски.

На почеток