Скопје

(Видео) За вториот огномет од вчеравечер во Скопје, уапсени се две лица

Две лица кои вчера испукаа втор огномет (вечерта околу 21 часот) се уапсени. Станува збор за двајца 18-годишни лица, кои не ја почитувале седумдневната жалост.

„Утврдено е дека во угостителски објект во градскиот парк била организирана роденденска прослава, при што од страна на М.Ф. (18) и М.Ф. (18), двајцата од Скопје бил запален огнометот. Тие се лишени од слобода и задржани во полициска станица во врска со чл 387 од КЗ, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.

На почеток