Пукање имаше утрово во скопско Волково. Според првичните информации до кои дојде „Скопје1“, станува збор за расправија, по која имало пукање. Две лица се повредени, од кои едното е во потешка состојба и се бори за живот.
„Од страна на едно лице било пукано од огнено оружје кон соседите, има повредени“, велат од МВР за „Скопје1“, посочувајќи дека станува збор за првичните информации.
На лице место има десетици полицајци кои го обезбедуваат местото. Дојдена е и Брза помош.
Детали за настанот засега не се познати. Повеќе детали се очекуваат за подоцна.
Двајца загинати во Волково, малолетник е повреден и во болница - детали од МВР
Две лица загинале, додека малолетник во релативно стабилна состојба е однесен во болница на лекување. Ова е епилогот од пукањето кое се случи утрово во скопско Волково, во општината Ѓорче Петров.„Денеска (24.03.2025) околу 09.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Волково, скопско, имало пукање од огнено оружје, при што неколку лица биле повредени. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека Р.Ц. и М.Н. од здобиените повреди починале на местото. Лекар од Итна медиц
Македонија | пред 1 година