За убиството во Волково: Се вештачи оружјето, се земаат траги, на терен е обвинител и полицијата

Од
Објавено на

Јавен обвинител, полициски и други увидни екипи вршат увид на лице место и ги преземаат сите дејствија за расчистување на убиството и самоубиството во скопско Волково.
„Издадена е наредба за обдукција на телата на двајцата починати. Од лице место е подигнато оружјето кое ќе биде предмет на вештачење. Ќе се вршат балистички и други вештачења со цел да се утврдат сите околности на настанот“, велат од Обвинителството.
