Македонија

Едно лице застрелано, уапсен 50-годишен маж за пукањето во Прилеп

Полицијата уапси прилепчанец кој истрелал куршум од пиштол, соопшти МВР. Ова доаѓа по добиената пријава во СВР Битола за пукотници во Прилеп.

„Во 13.53 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во Центарот за социјални работи Прилеп имало пукање со огнено оружје и било повредено едно лице кое е пренесено во Градска болница Прилеп. Од страна на полициски службеници од ОВР Прилеп било излезени на лице место при што лишен од слобода бил А.Ј.(50) од Прилеп кај кого се пронајдени пиштол и нож“, велат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На почеток