Володимир Зеленски: Владимир Путин наскоро ќе умре!


Откако Русија и Украина се договорија да спроведат делумен прекин на огнот со посредство на САД поради нападите врз енергетската инфраструктура и непријателствата во Црното Море, украинскиот претседател Володимир Зеленски даде изјава за вестите на Евровизија.
Тој смета дека е клучно САД да не го извлечат рускиот претседател Владимир Путин од политичка и економска изолација.
„Многу е важно Америка да не му помогне на Путин да излезе од оваа глобална изолација сега. Верувам дека тоа е опасно. Ова е еден од најопасните моменти. Путин се надева дека ќе остане на власт до својата смрт, но неговите амбиции не се ограничени само на Украина, туку може да доведат до директна конфронтација со Западот“, смета Зеленски.
Украинскиот претседател исто така ги повика САД и Европа да останат обединети во вршењето притисок врз Путин.
„Рускиот лидер се плаши од европско-американскиот сојуз и се надева дека ќе го подели. Путин се плаши и од сопствената смртност. Наскоро ќе умре, тоа е факт и се ќе биде готово“, рече Зеленски, според Киев Индипендент.
САД ветија дека ќе ги олеснат некои економски ограничувања за Русија како дел од договорот за ограничен прекин на огнот, а Зеленски верува дека овој ограничен прекин на огнот е „дефинитивно чекор кон завршување на војната“. Сепак, тој ја истакна посветеноста на Украина за неодреден прекин на непријателствата. „Генерално, бевме подготвени за целосен прекин на огнот“, рече тој.
