Свет

144 мртви, 732 повредени во Мјанмар Најмалку 144 лица загинаа во Мјанмар, објави државната телевизиска мрежа

144 мртви, 732 повредени во Мјанмар Најмалку 144 лица загинаа во Мјанмар, објави државната телевизиска мрежа на Телеграм.

Оттаму додаваат и дека 732 лица се повредени во земјотресот и последователните потреси што се случија утринава.

Ова е прва официјална бројка што ја објави воената хунта во Мјанмар, а лидерот на хунтата додаде дека бројот на загинати и повредени ќе продолжи да расте.

Воениот водач вели дека 96 лица загинале во Неј Пи Тав, 18 во Сагаинг и 30 во Мандалеј.

Што се однесува до повредените, 132 лица се повредени во Нај Пи Тав и 300 во Сагаинг, додека бројките од другите области се уште се проценуваат, додаде воениот лидер.

На почеток