Свет

Хунтата во Мјанмар прогласи недела на жалост бидејќи бројот на жртвите надмина 1.700 лица

Владејачката воена хунта во Мјанмар прогласи недела на национална жалост поради разорниот земјотрес во кој, според официјалните податоци, досега е потврдена смртта на над 1.700 луѓе, пренесува АФП.

Во периодот на жалост, кој трае до 6 април, знамињата ќе бидат спуштени на половина копје.

За потсетување, актуелната влада во Мјанмар, предводена од Мин Аунг Хлаинг, ја презеде контролата врз земјата по воениот удар во февруари 2021 година. Оттогаш, хунтата брутално ја потисна секоја форма на отпор и го уапси цивилниот лидер Аунг Сан Су Чи.

Поради тешкотијата за известување од земјата, тешко е со сигурност да се потврди бројот на загинати, но Геолошкиот институт на САД (USGS) во петокот процени дека „повеќе од 10.000 смртни случаи е многу веројатно сценарио“.

На почеток