Македонија

Кешишев раскажа за планот за грабнувањето на велешанецот Панче: Копавме дупка, мислев се бара злато, па Велибор кажа дека е за киднапирање

Обвинетиот Влатко Кешишев во судница призна дека тој заедно со Велибор Манев, ја копале дупката во која подоцна беше фрлено телото на убиениот велешанец Панче Жежовски. Дупката ја ископале во 2022 година, активност за која Кешишев вели: „Во прво време помислив дека бараме злато, бидејќи не ми беше кажано ништо, така копавме, па се стемни, па се вративме назад“. Тој знаел и учествувал во киднапирањето, но посочува дека не знаел дека Жежовски е фрлен во дупката во чие копање тој учествувал.

Целиот распит за грабнувањето и убивањето на Панче Жежовски:

Адвокатот Игор Ефремов: Влатко дали се познаваш со останатите обвинети, ако да, со кои и од кога?

Обвинетиот Влатко Кешишев: Се познавам со сите. Од штабот на Десна, ги запознав во Опера Хаус, кога почнав таму да работaм крајот на септември, кога се вратив од Хрватска. Со еден сопартиец од Штип зборевме дека треба да готвам за децата преку патот, има училиште, бидејќи најуваа дека „лок даун“. Спремивме мал шанк и се што е потребно да не влегуваат внатре и од таму да испорачуваме сендвичи за децата. Бидејќи немаше лок даун останав да готвам за Палчо, за мене и некој гостин ако побара. Палчо го запознавам на протест во Скопје и повеќе се запознававме во Опера Хаус. Таму ги запознав и Велибор и Боре.

Адвокатот Игор Ефремов: Дали го познаваш Александар Ѓорчевски?

Обвинетиот Влатко Кешишев: Епа го видов овде во судница.

Адвокатот Игор Ефремов: Кои беа твоите обврски во партијата и кој ти ги даваше обврските?

Обвинетиот Влатко Кешишев: Мојата обврска беше да готвам и да ги пречекувам гостите кои ќе доаѓаат во партијата за да даваат поддршка на партијата која тогаш беше Движење Трета. Служев, давав кафе, сок, вода така ќе ги пречекував сите.

Кешишев рече дека не бил вработен, не примал плата од партијата но не се жали бидејќи тоа беше акција да се формира една партија. Кешишев имал понуди да работи на други места, а добар впечаток имал оставено и во Хрватска. Но сакал да работи за партијата.

Адвокатот Игор Ефремов: Дали ги познаваш оштетените?

Обвинетиот Влатко Кешишев: Не, ги видов на ФБ, до тогаш ги немав видено. Кога беше објавено за Панче, првиот пат, а за Вања видов кога се вративме видов на ФБ дека девојчето се бара.

Адвокатот Игор Ефремов:  Дали имаш учествувано во копање на дупка во близина на Велес?

Обвинетиот Влатко Кешишев: Да, тоа беше 2022 година, во недела дојде Велибор во работно одело, бевме сами јас и Палчо, бидејќи во недела спрема емисија за навечер. Тогаш не ми кажаа што е работата само ми кажаа да им помогнам, јас го послушав, отидовме заедно со Вељо, со неговата кола. Стигнавме кај местото Рудник, по стариот пат, од кај Катланово, таму имало стар пат за Велес и од таму се оди за Рудник. Кога стигнавме таму, Вељо извади лопати и влеговме во едни грмушки. Закриено место. И таму обележа еден круг Вељо и почна да копа, ништо не зборувавме. Јас ја исфрлав земјата. Во прво време помислив дека бараме злато, бидејќи не ми беше кажано ништо. Така копавме до 2 метри длабочина се пакувавме и се вративме назад. Не зборувавме ништо. Се сучуваше во недела, бидејќи Вељо беше само во недела слободен. Пак отидовме двајцата на истото место и почнавме пак да работиме, он да копа, јас да ја исфрлам земјата. Мислев дека се работи за злато. Нелакомо на тоа, само на тоа помислив.

Дупката била наменета за киднапирање на лице му кажал Вељо, сведочеше Кешишев. Дупката стоеше отворена од 2022 година додека не случи со Панче, рече обвинетиот.

Обвинетиот Влатко Кешишев за снимките од куќата на Велибор Манев: Бев вечерта со Палчо, датум не паметам, се работи за таа вечер. Палчо го носеше ранецот, и го стави на совозачкото седиште каде што седев јас помеѓу нозете и тој ми побара да го извадам. Претходно извадив кеса, внатре се гледаа токи-воки моторилите. Кесата ја однесов во гаражата каде пиевме кафе и се договараа што како. Мислам дека ранецот го вративме во возилото.

На прашањето што разговарале таа вечер Кешишев кажа: „Се разговараше за Панче и како да се пријде до него во куќата. Околу половина час разговаравме. Потоа ги земаа токи-воки, тројцата и тргнаа кон Панче, кон куќата. Мене ме оставија да го земам „кангуто“ и да чекам долу на страна на патот. За да се вратат они“ рече Кешишев и дополни дека тој немал моторола и ги чекал околу 40-тина минути.

Потоа се вратија, рече Кешишев, кажаа дека ништо не бива и се вративме назад во штабот во Скопје.

Вториот пат, сабајлето утре дента, тогаш успееја. Отидовме пак, мене ме оставија кај пругата. Палевски замина, како што се договорија кај Панче. Јас останав во ‘реното кангу’, бидејќи Палевски ми рече да не излегувам да го чекам да се врати“ рече Кешишев и кажа дека ги чекал околу еден час.

Се вратија со ‘Цитроенот’ со нив тројцата, они се спуштаа и се паркираа покрај ‘кангуто’, со цитроенот на Панче. Запаливме по една цигара и тогаш Палчо го фрли во фолот, каде што имаше капини. И се договоривме ние да одиме, до мене седна Вељо и ми покажуваше патот. Возевме 200-300 метри а во ‘Цитроенот’ беа Боре и Палчо. Вељо имаше моторола и му кажуваше дека патот е чист. И тогаш стигнавме до тоа место, Вељо излезе од  кангуто, отиде со нив, со Цитроенот’, до дупката. Кога се вратија Вељо пак седна до мене и ми кажа да влеземе на стариот пат до Катланово. Од таму стигнавме до првата населба, Маџари или како се вика,не знам. Палчо му јави на Вељо да се паркираме на поголем паркинг, а тој се паркираше позади нас. Излегоа од колата и мислам дека ги избриша воланот и мењачот со ВД 40, и дојде во кангуто и до него седеше Вељо, а јас и Боре бевме позади во кангуто и стигнавме во штабот“.

Кешишев не знаел дека Жежовски е во гепекот, тоа го слушнал додека разговарале останатите обвинети. По пат до Скопје не зборувавме ништо, Велибор зборуваше само со Палевски.

„Не го видов Панче Жежовски бидејќи рекоа го ставиле во ќебе, во гепек. Од тоа што разговараа, дознав дека Панче е во гепекот. Кога дојдовме во штабот на партијата во Скопје, тогаш сфатив дека Панче всушност е убиен“, тврди Кешишов.

Во штабот дознав дека грабнатиот Панче е убиен и фрлен во дупката“ рече Кешишев.

„Која беше целта во разговорите за грабнување на Панче Жежовски?“, беше прашан обвинетиот, на што одговори: „Целта пред се беше за возилото, човек кој живее сам кој нема да го бараат. Возилото да се грабне за друга намера“.

На почеток