Скопје

(Видео) Герасимовски го нападна полицаецот и ги брани ПОЦ за снимката со драмата во Дебар маало

Градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски, се огласи по снимката на социјалните мрежи каде се гледа како пајак службата и полицаецот не креваат непрописно паркирано возило.

„Во однос на ова видео кое се шири по социјалните мрежи, крајно некоректни и манипулативни се обидите од некои медиуми да се префрли одговорноста на Пајак службата која професионално си ја врши работата. Отстранувањето на непрописно паркираните возила е по налог на службено овластено лице.  Во случајов нашите вработени воопшто не го стопираат кревањето, туку едноставно чекаат налог од страна на службеното лице, полицаец. По добивање на истиот веднаш постапуваат и го креваат возилото. Тоа впрочем и го објаснува службеникот од ПОЦ во самото видео.

Благодарност до екипите на ПОЦ кои неуморно работат на санкционирање на несовесни возачи. Ја поздравувам и активноста на граѓаните кои бараат санкционирање на сите оние коишто со своите возила ги блокираат улиците и велосипедските патеки во Центар. Истовремено, недозволиво е полициски службеник да не сака да си ја врши својата работа. Барам од МВР да ги санкционира полициските службеници кои не постапуваат при очигледни прекршоци. Недозволива е селективноста при казнување на граѓаните“, напиша Герасимовски.

По ова, останува отворено прашањето – зошто ваквите појави, вработените во ПОЦ не ги пријавиле до институциите. Овој случај немаше да се разоткрие ако немаше остра и жестока реакција од граѓани.

На почеток