Свет

Птичјиот грип причина за уништување 500 илјади кокошки во Албанија

За само еден месец, откако во соседна Албанија се појави птичјиот грип уништени се неколку живинарски фарми, кои главно се наоѓаа во областа Рашбул, кај Драч.

Според официјалните податоци на Министерството за земјоделство, досега од птичји грип Х5Н1 угинале 497.986 кокошки.

Министерството за земјоделство излезе со соопштение дека заразените кокошки се уништени преку процесот на палење.

Досега се уништени над 975 илјади контаминирани јајца, бидејќи биле во магацините каде што била заразената живина.

Како последица на тоа во земјата се чувствува голем недостаток од јајца, а цената на пазарот вртоглаво расте.

На почеток