(Видео) Весна Петрушевска на операција, по борбата со ракот


Актерката Весна Петрушевска утрово отиде на нова операција на Клиниката за пластична хирургија. Ова доаѓа по нејзината борба со ракот.
„Најважно од се е да има добар анестезиолог и добар доктор. А јас тоа сѐ имам. Нема, нема – операција. ‘Што правиш бе Весне?’, еве на операција. ‘Што правиш друго’, па режирам. ‘Друго?’, учам. ‘Друго нешто?’ Ништо. Излезете прошетајте, супер е денот. Отидов јас да проверам таму..“, вели Петрушевска пред да отиде на операција.
Претходно, таа во „Претрес“ зборуваше за операцијата.
„Сега сум добра, но мора да се заврши последниот дел. Таа една реконструкција, која трае и ако ја правиш како што треба како по книга.. Јас сето тоа ќе го правам во Македонија. Кај д-р Јасмина, директорката на Пластичка хирургија.. Морам да ја направам, ме боли раката, ја влечам десната страна, а не смеам со неа ништо да дигам.. Од здравствени причини, тој циклус на таа реконструктивна мора да ја поминам.. Тоа не е така..“, рече Петрушевска во „Претрес“.
Според последните информации, операцијата на Весна е завршена и таа е во добра состојба.
