(Видео) Снег ја покри Србија


Пролетта календарски пристигна, но зимата не се предава. Неколку сантиметри снег, и покрај најавите од метеоролозите ја изненадија Србија.
Снежна покривка има на Златар, Тара, Јавор, Златибор, а нејзината висина е неколку сантиметри. Снег во моментов вее на овие планински падини, како и во Сјеница, Чајетина и Нова Варош, јавува агенцијата Рина.
,,Најголем дел од снегот остана на планините околу 1100 метри надморска височина, така што нашите екипи најмногу работеа над Суви Бор на Златар кон Сјеница и над Тара на патот Кремно – Бајина Башта. Главниот пат низ Златибор е посипан со сол, а на коловозот нема снег”, велат надлежните.
Температурата во овој дел на Србија утринава се движи околу нула степени, а како што велат метеоролозите, покрај априлскиот снег наскоро ќе пристигне и априлски мраз.
Снег има и на територијата на општина Топола, Краљево, а во раните утрински часови падна и во Белград, но и кај Пријепоље, каде рано утрово имаше голем одрон на релација Ивање – Сопотница, поради што сообраќајот едвај се одвиваше.
