Две години затвор за возачот кој смртоносно ја прегази 22-годишната Теодора од Тетово


Возачот кој смртоносно ја прегази 22-годишната Теодора Ристевска, доби две години казна затвор. Ова е пресудата на Основнниот суд во Тетово, откако процесот 2,5 години се влечеше низ правосудните лавиринти. Казната е изречена по признание на вина. Семејството е разочарано од казната.

Screenshot
Рочиштето се одржа откако претходните две се одложија, оти возачот, Менсур Пајазити, бил во болница.
По сообраќајната несреќа во август 2022 година, првото судење почна скоро една година подоцна во јули 2023, а во ноември 2023 по признавање на вина на возачот, бил осуден на три години и шест месеци затвор.
Казната беше обжалена, а Апелација-Гостивар ја намали на две години затвор. Потоа, Врховен суд го уважи барањето и пресудите беа укинати, а процесот се судеше одново. Тој беше гонет за Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот.
