(Видео) Казнет урологот кој хистерично се дереше на Клиниката за урологија – однесувањето му било недозволиво и недолично


Урлологот Александар Илиевски, кој хистерично се дереше на Клиниката за урологија, е казнет од дисциплинската комисија. „Скопје1“ дознава дека нему му е изречена мерка, наредните шест месеци, платата да му биде намалена за 20%. Според Комисијата, однесувањето на урологот е несоодветно и недозволиво кон и пред пациенти, поради што сметале дека тој треба да биде казнет. Според извори на „Скопје1“, ова не е прва, туку втора дисциплинска мерка за Илиевски.
За скандалот со дерењето се дозна по објавата на снимката од „Скопје1“, а по поплаките на Ивана Ачимовиќ, која со нејзиниот дедо кој потоа почина, чекал ред пред амбулантата. Ачимовиќ во тие моменти замолила нејзиниот дедо да биде прегледан приоритетно поради тешкиот вид на канцер кој го имаше, а кој не можеше да го оперира, а притоа имал оток и болки. И тогаш добила хистерично дерење, кое е снимено.
Ачимовиќ сведочеше и во „Претрес“ за тоа што се случило.
„Се согласувам дека секој таму има проблем, но во медицината, бидејќи сум студент по медицина и наскоро ќе бидам доктор, притоа и медицинска сестра со искуство, постои медицинска тријажа. Влегуваат пациентите во потешка состојба, однсоно надордски кажано, пациенти што стојат и пациенти во количка. Докторот рече ќе го прими, поминаа саат време. Потоа влезе мојата баба да го праша, но од надвор, од пред амбуланата слушнав како вика на нејзе. Но тоа не беше гласен говор, тоа беше урлање, морам жаргонски да се изразам. Потоа влегов внатре, со персирање и без никакви навреди, го прашав од каде му право да вика на баба од 70 години? Почна и на мене да вика, ја гурна вратата покрај која бев јас, со тоа мене ме гурна мене, а јас баба ми. Ја фатив вратата и прашав дали доликува вакво однесување на еден доктор, по што тој почна хистерично да се однесува. Кога се оддалечи од мене, јас го земав телефонот да снимам. Немаше никаков напад, неговите колеги стоеја и гледаа, а ако имаше напад, веројатно и тие ќе се тргнеа, немаше да стојат покрај мене“, рече Ачимовиќ.
На оваа тема зборуваше и доктор Ненад Лазаров, специјалист по гинекологија и поранешен матичен доктор. Тој смета дека таквото однесување не може да се оправда.
„Ова брутално беше. Уште и колешка, тоа е Марфи. Тоа е во медицина кога викаме: која будала ве оперираше? па ти докторе“. Не постои причина што може да оправда такво однесување. Девојката беше повеќе од експлицитна и елоквнетна. Не гледам трагедија во ова, но е апсолутно недозволена ситуација и однесување и се“, рече доктор Лазаров.
