Македонија

Уапсен директорот на геријатрија „13 ноември“, кадар на Алијансата на Албанците

Директорот на Геријатриската болница „13 ноември“, Мухсин Арифи и уште едно лице се уапсени под сомнение дека примиле поткуп, дознава „Скопје1“. Тие се спроведени во полициска станица. Неофицијално, делото го извршил заедно со посредник. Поткупот го зел за болно и неподвижно лице да биде сместено во геријатриска установа.

„Во координирана акција на Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција приведени се две лица под сомнение за кривични дела примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание. Се постапува за целосно расчистување за настанот“, велат од МВР за „Скопје1“.

Арифи порано беше директор на Психијатриската болница во Скопје, а е дипломиран архитект и доаѓа како кадар на Алијансата на Албанците.

На почеток