Од јуни треба да започне со работа „Македонско село“, откако седум години остана под клуч


По седум години неработење, комплексот „Македонско село“ добива нов концесионер, објави директорот на Службата за општи и заеднички работи Ивица Томовски.
Фирмата „Ла тераца“ ја доби концесијата за работа со комплексот Македонско село во Горно Нерези за 3.500 евра месечно. Комплексот треба да почне да работи на 1 јуни, а концесијата е на 15 години. Компанијата е избрана на тендер, каде се наддавале два правни субјекти. Почетната кирија за целиот комплекс на првиот јавен повик изнесуваше 4 000 евра месечно, а заинтересираните имаа можност да наддаваат за четири посебни делови – ресторани и капацитети за сместување.
Комплексот „Македонско село“, кој се наоѓа на падините на Водно, блиску до селото Нерези, се состои од 12 автентични куќи, со простории каде се претставени македонските занаети, делови се користат како хотелски соби, а некои имаат и ресторански дел.
