„Кој е следен“ подаде барање до Влада: да се направи софтвер за граѓаните да гледаат кои локали се контролирани, а кои не


Организацијата „Кој е следен?“, која организира нов протест во четврток кој започнува од пред Владата, денеска формално доставија барање за воведување на т.н. е-инспекторат. Според нив, треба да се направи алатка во која ќе се внесуваат сите записници од извршени инспекциски надзори. Ујмер Мухамеди, како претставник на „Кој е следен?“ посочи дека ова не е ново барање, туку е презентирано недели претходно. Но, формално доставуваат барање бидејќи институциите не изреагирале кога истото било јавно презентирано.
„Тоа ќе биде страница, каде секој од нас ќе може преку името на локалот, со што, на страницата ќе види што констатирале инспекциските надзори. Во случај да напишете име на субјектот, а да не ви излезе ништо, тоа значи дека врши дејност која не е регистрирана во соодветните регистри“, рече Мухамеди.
Според него, целта им е сите да знаат дали некој угистителски објект е безбеден или не.
