(Видео) Плац за стари автомобили се запали во Бардовци, црн чад надвисна над Скопје

Од
Објавено на

Плац со стари возила се запали во скопско Бардовци. Црн чад од пожарот се гледаше и од соседните општини. Изгореле пет автомобили, а нема повредени.
Плацот се наоѓа во близина на Психијатриската болница во Бардовци, односно зад неа. Возилата кои изгореле не биле во возна состојба, туку од нив се препродавале докази.
