Македонија

Богојески доби директорска фотелја во Националната агенција со која порано раководеше Лидија Димова

Диреторувањето со Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, го презема Петар Богојески од „Македонски коцепт“ коалиционен партнер на ВМРО-ДПМНЕ. Тој е именуван од Управиот одбор на агенцијата, откако Марко Ѓоргиевски поднел оставка од функцијата. Оваа агенција стана позната во јавноста по скандалот со парите за фризерницата и магарињата, а во времето кога со неа раководеше Лидија Димова која и натаму е на обвинителна клупа.

Агенциајта има клучна улога кога во прашање се средствата од програмата „Еразмус+“, од Европската Унија. Најчесто оваа агенција доделува средства за проекти кои овозможуваат соработка и размена на студенти и кадар помеѓу партнерски универзитети во Европа.

Националната агенциај се најде под истрага на Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ), од каде лани побараа поврат на 2,2 милиони евра злоупотребени преку програмата Еразмус+ во периодот 2016-2018 година.

Богојески пред три месеци гостуваше во „Претрес“ каде рече дека срам и очај е политиката во Македонија и дека се срами што е дел од неа.

На почеток