Македонија

(Видео) Адвокатот на Палчо со контроверзни тврдења, не кажа како ќе биде исплатен за одбраната на Палчо

Јовица Страшевски, адвокатот на Љупчо Палевски Палчо, прво тврдеше дека про боно ќе го брани Палчо.

Потоа тврдеше дека ако ја добие постапката ќе си наплати, но не кажа како и од што ќе биде исплатен, бидејќи повтори, Палчо е веќе осуден и пред да почне постапката.

Нема да добие ни стан, ни кола ниту партијата Десна од Палчо, човекот обвинет за убиство на Вања и Панче.

„Партијата Десна не ми треба, јас сум горд член на ВМРО-ДПМНЕ“, вели Страшевски.

На почеток