Македонија

Судијата не смеел да досуди повеќе од две години за возачот кој ја усмрти Теодора во Тетово, велат од Судскиот совет

Судскиот совет не најде погрешно постапување на ниту еден од трите судови кои постапувале во случајот за смртоносното прегазување на 22-годишната Теодора Ристовска од Тетово. Тие таксативно наведуваат кој суд како постапил, па на крајот посочува дека судијата Елмедин Ферати не згрешил кога возачот Менсур Пајазити кој го усмрти девојчето, го осудил на 2-години затвор. Оттаму појаснуваат дека на пресудата се жалел само возачот Ферати, па така, според нив тука важи одредбата од Законот за кривична постапка насловена како „забрана за менување во полошо“ во однос на казната.

„Ако е изјавена жалба само во корист на обвинетиот, пресудата не смее да се измени на негова штета во однос на правната оцена на делото и на кривичната санкција“, стои во одредбата од законот на кој се повикуваат.

Работите, според образложението на Судски совет би биле поинакви, ако на првостепената пресуда кога возачот Менсур Пајазити бил осуден на три години и шест месеци, се жалело и Обвинителството. Тогаш, при повторување на постапката, судијата ќе можел да одреди и повисока казна. Но, не само што Основното обвинителство-Тетово немало жалба, туку Вишото јавно обвинителство, односно обвинителката Вјолца Елмази, прво барала да му се потврди казната, а потоа се предомислила и барала пониска казна. И така била изречена санкцијата од две години, која е конечна.

Од Обвинителството за „Скопје1“ потврдуваат дека барале да се намали казната, па се правдаат дека не очекувале дека ќе му намалат толку многу. Сепак, пресудата се темели и на предлогот. Но немаат одговор зошто тоа не било направено преку писмениот предлог, туку прво Вишото обвинителство барало да се потврди казната, па се предомислило.

Обвинителка барала пониска казна за возачот кој ја усмрти Теодора по првата пресуда, иако претходно бил даден предлог да се потврди затворот од 3,6 години

На почеток