Македонија

Кога Зорица јави дека Вања ја нема, бев избезумен што и гол да излезев немаше да биде невообичаено, рече таткото на Вања, откако обвинителот го праша дали бил буден и спремен кога исчезнало девојчето

Обвинителките Жаклина Крстевска Јосифовска и на Ана Стојкова Димитриевска, на денешното рочиште го испрашуваат обвинетиот Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања, пред судот.

Обвинителство: Кажавте дека освен Љупчо Палевски, другите не ги познавате, а за него сте слушнале само?

Обвинетиот Ѓорчевски: Да токму така, но не како личност туку кога имаше за објектот Тифани, него го споменуваа како Упа, не знам дали како изведувач или не знам што. Инаку ниту на ТВ, ниту никаде на друго место го имам видено како изгледа.

Обвинителство: Кажавте дека од 1993 до 1995 година, бевте зависник но не кажавте од која дрога. Од хероин така?

Обвинетиот Ѓорчевски: Да, кажав, бев зависник. Неспорно тоа го знаеја сите мои колеги, пријатели. Супстанцата беше хероин. Ја користев назално, не со шприцеви. Не сум бил екстремен зависник.

Обвинителство: Кога ви се родиле децата, сте одлучиле да не работите 7-8 години, за да ги чувате децата, така?

Обвинетиот Ѓорчевски: Да токму така, Зорица имаше срцева мана, и јас од самиот почеток ги презедов сите обврски кон децата и семејствата, како за моето така и за на Зорица, и за да и олесниме, дури во еден момент дадов целосно отказ, во моментот кога бев вработен во Кометал. За кој што отказ мислев дека ќе биде од краток временски период додека сте стабилизираме. Меѓутоа многу набрзо дојде Миња, имаше само 1 година и 4 месеци помеѓу девојчињата, обврските се дуплираа така што се продолжи мојот рок кога бев невработен. Од 2010 до 2017 година.

Обвинителство: Вие одлучивте да не работите, иако децата можат да одат во градинка, или двете баби може да се грижат за децата, да немате никаков финансиски придонес во семејството кое требало да се издржува само од нејзината плата?

Обвинетиот Ѓорчевски: Не е така, додека Зорица беше бремена, немаше приходи, живеевме од мојата заштеда. Имавме пари од свадбата, имав поддршка од татко ми, а што се однесува до тоа со бабите, мајка и на Зорица инсистираше да земеме жена, а она и мајка ми воопшто да не се мешаат во воспитувањето на децата. Имавме неуспешен обид, земавме жена додека беа уште малечки, во детали ја фативме како на Миња и дава некакви средства за спиење за да седи мирна, од тие причини не се осмеливме да побараме друга жена, во градинка се обидовме, ги запишавме, и двете, една недела одеа во градинка и потоа две недели беа дома.

Обвинителство: За вас беше нормално да не сакате да работите и ви беше сеедно дали ќе земате вие плата или не?

Обвинетиот Ѓорчевски: Не било нормално, јас бев принуден, немаше кој. А јас не знаев колку време ќе трае тоа мое отсуство од работа. Се надевавме дека што побрзо ќе се вратам на работа, во секој момент можев да се вратам на работа и ми беа отворени вратите на две фирми.

Обвинителство: Кажавте дека сите сопственици биле задоволни од вашето работење, ви давале дури и препораки, чиј сопственик бил Трифун Костовски, кој неодамна јавно изјави дека за вашиот татко има само пофални зборови, но за вас рече дека  не сака да коментира и дека не бил задоволен од вашиот придонес, тоа значи дека не сте биле добар работник како што се фалите, така ли?

Обвинетиот Ѓорчевски: Не сум слушнал за таква изјава од господинот Костовски, го знам од мали нозе, дури сме играле и тенис заедно. Господинот Костовски не ми беше надреден мене директно, имаше многу структури помеѓу мене и него кои ја оценувале мојата работа и мојот придонес, а лично од господинот Трифун Костовски сум слушал само пофални работи, за конкретно нешто што сум направил. ТВ не гледам од  тие причини, дека се објавуваат непроверени информации. Јас до 5-то одделение бев соучесник со Радмила Шеќеринска и бевме првенци на генерација. Потоа дојде тинејџерски период, татко ми заминуваше на привремена работа во Полска, и како сите мои другарчиња попуштив со учењето. Во средно училиште бев принудно запишан во Економско, сакав да се запишам во Орце Николов, насочено образование за ниски струи, но татко ми ме запиша економско без моја согласност бидејќи ќе може во иднина да ме запосли бидејќи е успешен во тој сектор.

Обвинителката реагираше бидејќи Ѓорчевски не одговара кратко и јасно на прашањата, на што обвинетиот рече: Мене ова ми личи на испитувањето во полиција“.

Обвинителство: Рековте дека ги следите вашите деца на Гугл мапс, за неделата рековте, дека Миња била излезена вечерта, ви се јавила дека останала сама, дека е во ваша близина, побарала помош од вас да ја испратите дома, вие рековте дека не сте отишле и преку камерата и преку мобилниот да ја следите иако било смртно преплашена?

Обвинетиот Ѓорчевски: Слонче не е во моја непосредна близина, туку во близина на училиштето, а Миња не била смртно преплашена, туку вообичаено. И да, точно е дека ми требаа 15 минути за да стигнам до таму за да ја испратам до дома, и таа ќе требаше да седи сама 10-15 минути, да заедно се решивме и се договоривме, да и правам друштво како што опишавте. Не отидов бидејќи тоа сме го правеле многу пати претходно. Откога почнаа да одат и да се враќаат дома од училиште, зборуваа или со мене или со Зорица.

Обвинителство: Децата одеа само прва смена?

Обвинетиот Ѓорчевски: Да децата одеа само прва смена.

Обвинителство: Учеа во исто училиште и одеа иста смена, така?

Обвинетиот Ѓорчевски: Да.

Обвинителство: Вие го знаевте распоред на часови, од повеќе причини?

Обвинетиот Ѓорчевски: Имаше моменти кога губеа некој час, сакав да имам увид во тоа, кога ќе им спојат со други одделенија, кога порано ќе ги пуштат да си одат дома. Во секој момент сакав да знам на кој час се.

Обвинителство: Според редовниот распоред на часови, Вања без исклучок, секој петок оди сама на првиот училишен час, бидејќи Миња почнува со настава од вториот час, така ли беше на 24.11.2023 година во петокот?

Обвинетиот Ѓорчевски: Да таков беше редовниот наставен план, за таа година за прв пат. Дури невообичаено, Миња наставата ја почнуваше од втори час.

Обвинителство: На 24.11.2023 бил направен обидот за грабнување на Вања, тоа го слушнавме од многу искази тука, така?

Обвинетиот Ѓорчевски: Да.

Обвинителство: На 27.11.2023 понеделник, Вања по исклучок треба да оди сама на првиот училишен час, така?

Обвинетиот Ѓорчевски: Да.

Обвинителство: За тоа дека Вања ќе оди сама, а Миња ќе оди од вториот час, се знаело од неделата вечерта, на 26.11.2023 година…?

Обвинетиот Ѓорчевски: Постои комуникација помеѓу мене и Зорица каде го дискутираме.

Обвинителство: Сепак Миња на 26.11.2023 година недела вечерта, е известена за тоа дека на 27.11 понеделник дека ќе оди на втор час?

Обвинетиот Ѓорчевски: Ќе повторам мислам дека во саботата знаевме, и дискутиравме со Зорица. Бидејќи и претходната недела беше отсутен класниот наставник, и ги губеа сите часови со неа.

Обвинителство: Но требаше  да се врати во понеделникот?

Обвинетиот Ѓорчевски: Да, така не извести првично, но потоа ни рече дека ќе отсуствува и оваа недела.

Обвинителство: Значи дека од сите обвинети овде дека Вања на 27.11 понеделникот дека ќе оди сама на училиште?

Обвинетиот Ѓорчевски: Не знам што знаеле другите обвинети, јас знаев.

Обвинителство: Вечерта на 26.11 недела точно ли е дека пративте порака во ‘дискорт’ групата во 21.20 часот, цитирам, ‘Утре ќе биде ѕивра, извадете уште сега алишта сабајле да не губите време, извадете уште сега…. плус блуза, плус јакни, ракавици не мора ако каде да ги брцнете рацете’, оваа порака сте ја препратиле и на Зорица во 22,35 часот. Со пораката сакавте да ги спремите децата дека ќе одат на планина, а не на училиште?

Обвинетиот Ѓорчевски: Не се сеќавам точно за минути за часови, личи на мене тоа што го кажавте, не знам до збор како сум им пренел, меѓутоа суштината била да се облечат топло, затоа што тој ден навистина за прв пат беше најавуван како најстуден ден тоа зимо, познавајќи ги децата дека нема да ме фермаат ја препратив пораката и кај Зорица, за да ги наговори да се облечат топло за на училиште, а не во ски-комбилизони како што тука прејудицирате за на планина. Згора на се, како што претпоставував, и јас и Зорица, они беа во тинејџерски години, не ме послушале ниту мене ниту Зорица, и си се облекле фенси а не топло.

Обвинителство: Иако сте ги известиле со пораката, дека ќе биде ладно, на 27.11.2023 како пожртвуван родител, како што велите дека сте биле, не отидовте утрото да ги однесете децата на училиште?

Обвинетиот Ѓорчевски: Помислив на тоа, ми дојде таа идеа меѓутоа Зорица имаше став дека треба да престанеме да ги галиме и размазуваме, иако се јавив да и се понудам знаев каков ќе беше нејзиниот одговор. Што се однесува до мене, да немаше таков однос од страна на Зорица, ќе идев ќе ги земев и ќе ги однесев на училиште. Тука има само уште еден момент, кога помислив да ги носам, целосно имав заборавено дека Миња е од втор час.

Обвинителство: На 27.11 Зорица ви се јавила дека Вања ја нема, дека вие веднаш сте се облекле и сте се нашле пред зградата пред Зорица, за вас е својствено секогаш да доцните, да биде поспан. Не е својствено да функционирате така рано од сабајле. Како тогаш, успеавте толку брзо да станете и да се спремите и да се симнете?

Обвинетиот Ѓорчевски: Не знам од каде ви е овој заклучок, дека било својствено да доцнам, можеби не сум стасувал бидејќи сум имал обврски и не сум стасувал навремено да сменам две пелени, да облечам две деца, да ја изгасам ринглата каде што се готвела манџа и не се стигнувало можеби на некој роденден. Кога преземав пола од обврските, ги поделивме со Зорица, не сум задоцнил ниту секунди. За пауза на работа, за половина час, ќе стасав да идам до АХВ, да заверам сертификат, до Стопанска комора, и да стигнам до училиште да ја преминам Миња преку раскрсница и да се вратам на време на работа. Што се однесува до сабајлето, јас бев толку избезумен, што и гол да се симнев немаше да биде невообичаено.

Обвинителство: Што значи дека на 27.11 вие бевте станати и подготвени, облечени така?

Обвинетиот Ѓорчевски: Не, не е така, јас бев во кревет по долна облека, а Зорица ја ставив на спикер додека ми објаснуваше како класната ја известила дека Вања не е дојдена.

РАСПИТОТ Е ВО ТЕК.

На почеток