Македонија

Палевски го испрашуваше таткото на убиената Вања, кој одби да му одговара на прашањата

Обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо, кого го гонат за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, го распрашуваше Александар Ѓорчевски, татко на убиеното девојче.

Љупчо Палевски-Палчо: Дали сте слушнале дека сум имал комуникација со било кој член од вашето семејство?

Александар Ѓорчевски: Јас како што кажав ниту ве знам ниту ве познавам, за прв пат ми бевте посочени како монструм во полициска станица, првпат ве видов тука во судница, ниту па знам човек што ве познава вас вклучително и моето семејство. И би ја искористил можноста да не одговорам на ваши прашања, инаку секое моj нареден одговор ќе гласи исто.

Љупчо Палевски-Палчо: Кажавте дека вие сте се грижеле за станот на Наум Наумовски Борче, сте слушнале ли дека сум бил присутен последните 10 години?

Адвокатот Владимир Туфегџиќ: Апсолутно приговарам, бидејќи со првиот одговор е одговорено на прашањето рече адвокатот Туфекџиќ.

Судијата Ивица Стефановски: Се дозволува прашањето

Александар Ѓорчевски: Немам коментар.

Љупчо Палевски-Палчо: На истата околност, дали сте слушнале од таткото на Зорица, Лазаров, имал било каков проблем при купување на предметните станици?

Александар Ѓорчевски: Немам коментар.

Љупчо Палевски-Палчо: Последното, колку да влезе во записник, неколку пати кажавте дека МВР се однесувала кон вас како да сте ретардиран, но и денеска видовме такви ретардирани однесувања од ОЈО….

Реагираше судијата Ивица Стефановски за квалификациите..

Љупчо Палевски-Палчо: Добро не сте ретардирани. Но и денеска видовме слични тврдења од ОЈО, хипотетички, доколку јас и вие сме биле во дослух од користољубие да ја примораме Зорица Ѓорчевска да даде пари како што е напишано во обвинението, нели е логично да биде убиена Зорица Ѓорчевска а не Вања Ѓорчевска, бидејќи ќе наследевте сѐ, така ли е прашувам како ОЈО?

Адвокатот Владимир Туфегџиќ: Ова се слободни константации на обвинетиот кои никаде не се содржани во обвинението, во делото кој се однесува на Александар Ѓорчевски, ниту е посочено лице кое го посочува обвинетиот – рече Туфеџиќ.

Адвокатот Владимир Туфегџиќ: Немам коментар.

Љупчо Палевски-Палчо: Кажавте дека Гоце Трајковски ви помагал во истрагата, дали почувствувавте дека секој ваш збор на вашата сестра, сопруга е содржан во доказот број 152 каде јасно се гледа дека се што видел и слушнал Гоце Трајковски во ваша близина, е пренесено на Музефер Каришиќ. Дека додека одмарате во станот на 02.12.2023 ве сликал како одмарате со коментар „еве го“. Дали останувате на тоа што го кажавте дека сте малтретиран и тепан во ПС, во доказот 152, од комуникација на Гоце Трајковски и Каришиќ постои доказ за незаконска истрага ексдиректорот на КПУ Затвор Скопје, вршел истраги, влегувал во ќелиии и поставувал прашања кои се следни: Дали сте познаваме? На што вие сте одговориле нека дојде Палчо очи во очи, да видиме дали сме кажале некогаш во животот, дали сме упознале а тие тројцата му викале на Сокол, „Палчо ја уби“ му рековте зошто ја уби, сум рекол и така и вака парите ќе ги земам, демек ми требаат за партијата, сме немале пари за избори“. Дали овие разговори се случиле во КПУ Затвор Шутка, за време на вашиот престој?

Александар Ѓорчевски: Немам коментар повтори Александар Ѓорчевски.

Љупчо Палевски-Палчо: Не сакам да поставувам прашања, гледам дека човекот е вознемирен, и сметам дека е невино обвинет тука. Се спомена ФБ група, но ниту ОЈО денес, ниту во обвинението, не кажа во колку часот се праќани тие пораки. Па јас би ве замолил да го кажете втремето, кога е пратена пораката?

Александар Ѓорчевски: Немам коментар.

Љупчо Палевски-Палчо: Во колку часот сте пратиле порака на децата за да се облечат заради ниските температури, затоа што во целата истрага не се користи часовник, туку само денови а многу е важно заради изјавите кои ги давале другите обвинети, а се единствените причини вие да сте овде?

Александар Ѓорчевски: Немам коментар.

Со ова, распитот заврши.

На почеток