(Видео) Адвокатот на таткото на Вања: Нема основ ниту аргумент да го држат како обвинет, се обидоа да го дискредитираат


Адвокатот Владимир Туфегџиќ смета дека обвинителките се обидувале да го дискредитираат обвинениот Александар Ѓорчевски, им смета дека со завршување на испрашувањето – немаат основ да го држат како обвинет со вакво обвинение.
„Единствено што ми пречеше беше дозата на дискредитација од страна на јавниот обвинител. Тој смее да дискредитира исказ, но не и личност на обвинетиот. И тука се почувствува тоа, еден малку понижувачки однос кон Александар. Тоа го забележавте по прашањата кои беа поставени и се од лична природа. Ова денеска значеше проверка на Александар, проверка на сите искази на Александар дадени во постапката, вклучително и полициска и истражна постапка, и постапка пред јавен обвинител. Јас сум лично задоволен и во основа нема никаков основ ниту аргумент понатаму да го држи Александар со вакво обвинение“, рече Туфегџиќ.
Авокатот кажа дека не приговарале на прашањата од Обвинителството, без разлика на дискредитацијата, за да Александар Ѓорчевски објасни се што тие сакаат.
