(Видео) Полицијата насилно ги тегнеше и отстрани студентите за да поминат автобусите со поддржувачи на Вучиќ

Од
Објавено на

Денеска студентите, легнати на патот со жив ѕид ги блокираа автобусите со поддржувачите на Вучиќ, кои доаѓаат од Нови Пазар кон Белград. Во Белград се оддржувa тридневниот „народен митинг“ наречен „Србија нема да ја дадеме“, на кој српскиот претседател Александар Вучиќ ги покани своите приврзаници по повод основањето на Движењето за народот и државата.
Полицијата насилно ги отстрани студентите.Насобраните и студентите извикуваа: „Срам ви е”.
Додека автобусите поминуваа, граѓаните и студентите им викаа „Чаци“.
