(Видео) „Благодарам Србија“ напиша Вучиќ за собирот „Не се откажуваме од Србија“

Од
Објавено на

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на Инстаграм објави фотографии од националниот собир и им се заблагодари на луѓето кои дојдоа да го поддржат.
„Благодарам Србија“- напиша претседателот во пресрет на централната манифестација.
Централниот настан на тридневниот национален митинг „Не се откажуваме од Србија“ започна во 19 часот, а од утрово во центарот на Белград пристигнуваа луѓе од цела земја каде во моментов се собрани огромен број граѓани.
