Македонија

Една недела се трага по исчезнато лице од Штип

Се уште трае потрагата по едно повозрасно лице од штипското село Степанци кое во понеделникот попладнето беше пријавено за исчезнато. Како што утрово информираше Центарот за управување со кризи, тоа последен пат било видено во саботата.

Според информациите од Регионалниот Центар за управување со кризи (ЦУК) Штип, во вчерашната акција за пребарување се вклучиле меѓу 70 и 80 лица, меѓу кои припадници на институции, служби, здруженија, како и голем број доброволци од локалното население и околните села.

„Во текот на вчерашниот ден (12.04.2025) на зборното место кај продавницата во с. Лакавица големиот број доброволци и лица од институциите, службите и здруженијата се поделија во групи и по правци на пребарување беше поголем реон. Истовремено, со неколку дронови (3-4, и службени и приватни) систематски беа пребарувани местата каде што беа тешко достапни, подлабоки долови, а и течението и вировите на надојдената рекичка Лакавица. Беа вклучени од страна на МВР 10 полицајци, потоа 10-на извидници – членови на Извиднички одред „ЕКВИНОКС – Штип“, ловци – членови на ЛЗ „Ловец“ од Штип, доброволци – вработени од РЦУК Штип, лица од локално население од блиските села околу Степанци, роднини на исчезнатото лице. Одредени групи од подалечните села самостојно вршеа претрага во нивните реони“, информираа од ЦУК.

На почеток