Македонија

(Видео) Адвокатот призна дека Палевски го возел “реното кангу” употребено при убиствата на Вања и Панче: Како нема ДНК од обвинетиот?

Адвокатот Јовица Страшевски, бранител на Љупчо Палевски-Палчо во „Претрес со Ландов“ призна дека неговиот клиент го возел возилото „Рено кангу“, кое е употребено при грабнувањата и убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Истовремено, во него не е најдена ДНК од Палевски, па остана отворено прашањето – како е тоа можно?

Истовремено, Страшевски тврди дека со ВД-40 не се бришат ДНК траги, па негира дека Палевски би го употребил ова средство за таква цел. Коментираше и за тоа каде бил Палевски во моментите на убиствата. Посочи дека многу работи ќе се расчистат кога Палевски ќе сведочи пред судот – а тоа е денеска.

Погледнете го цел Претрес, каде се зборува за сите докази, за мотивите, за начинот на кој двете жртви се убиени, како и за исказите:

На почеток