Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

За викендот 2324 сообраќајни прекршоци, дури 1132 санкции за брзо возење

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-45-2330PM

Во изминатиот викенд (12/13.04) продолжувајќи со засилениете сообраќајни контроли на патиштата низ земјава, полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи издале вкупно 2324 платни налози за сторени прекршоци од страна на учесниците во сообраќајот по однос на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

„Во рамки на изречените санкции овој пат радарските контроли покажале дека дури 1132 возачи не ја почитувале пропишаната брзина на движење, додека пак за неправилно паркирање евидентирани беа 271 прекршок, како и 191 прекршок заради управување на возило без возачка дозвола.

— реклама —

Покрај ова евидентирани се и 92 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас, заедно со 105 возачи на мотоцикл кои што не носеле заштитна кацига, а 45 санкции се изречени за користење на мобилен телефон при возење. Исто така, 78 возачи се отстранети од сообраќај за возење под дејство на алкохол, а 16 минале на црвено семафор.

— реклама —

Во врска со прекршоците од Законот за возила од сообраќај се отстранети вкупно 64 возила од кои заради техничка неисправност осум а заради неважечка сообраќајна дозвола 56 возила.     Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, велат од МВР.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

tepacka-4

15-годишник физички нападнат од неколку лица во Чаир

Македонија | пред 14 часа

— реклама —
media-libraryson3j741kl6g4HIeujs

Апсење во ноќен клуб во Карпош, осомничениот се обидел да избега

Македонија | пред 14 часа

media-library3b651hlbrs9u6sf7rRv

Тетовец пријавен за малтретирање на партнерката и нејзините деца

Македонија | пред 14 часа

velosiped

Камион удри велосипедист во Пршовце, малолетник со тешки повреди

Македонија | пред 15 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања