Македонија

Палевски враќал долгови на Манев: Јас живеев и спиев во партијата, убиствата не ги направив ниту имам мотив

Љупчо Палевски-Палчо пред судот посочи дека не ги извршил убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Потоа објасни за патот во Белград и Турција, посочувајќи дека не бегал. Во исказот, адвокатот Јовица Страшевски го праша да ги опише обвинетите со кои се заедно на обвинителна клупа. Раскажуваше и какви здравствени проблеми има, но и како барал второ мислење од Србија. За мотивот на извршените убиства, рече дека немал причина да го стори бидејќи ако сакал да изнуди пари, имал (прислушувани?) материјали кои можел да ги нуди.

Адвокатот Јовица Страшевски: Палевски дали вие ладнокрвно ги извршивте убиствата на Панче Жежовски и Вања?

Обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо: Не, не сум ги извршил убиствата и грабнувањата. Немам мотив за тоа. Затоа што во депото на ОЈО се наоѓа хард диск ‘Тошиба’ одземен со записник во кој има преку 200.000 разговори, гнасотии на оваа политичка елита, но и на новинарската професија. Доколку сум сакал да реализирам било какво користољубие, сум можел да уценувам милијардери со ‘ферари’ и останати, но ете тоа не сум го направил. Така што не само што сум го направил, туку и немам мотив да направам такво злосторство.

Адвокатот Јовица Страшевски: Можете да ни го опишете интензитетот на вашето живеење, од средината на ноември до вашето апсење?

Обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо: Јас предмалку го објаснив обемот на ангажманот. А дополнително на претходно објаснетите ангажмани, треба да се надворзе огромен број на состаноци, партиски. И снаоѓање со многу мали финансиски средства, за таков ентузијазам за политичко дејство.  Тоа бара буквално секојдневно и целосно посветување на започнатите проекти кои претходно ги објаснив. Може да се каже дека јас живеев и спиев во партијата. Обично спијам шест саати на ден и тоа ми е единствен одмор, а работев по 18 часа. Последните три години, бројот на комуникации се од 20 до 50 разговори најмалку. И десетина состаноци дали во седиштето во здружението претходно, а потоа политичката партија Десна. Живеев доста интензивно, особено до ноември. Вклучително и патот кој се случи на 30.11.2023 година кога заминав за Белград беше шанса да се одморам работно барем десетина дена до почеток на роденденот на партија, 12.12.2023 година е годишнина на партијата. Тие 10-12 дена планирав да ги искористам работно и затоа заминав на пат.

Адвокатот Јовица Страшевски: Ги познавате ли останатите обвинети?

Обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо: Ги знам сите, освен Александар Ѓорчевски, него Влатко Кешишев го познавам, беше домаќин во партијата, вреден, патриотски расположен. Политички неук, но политички стабилен. Чесен Македонец со кој се договоривме лесно и брзо. Велибор Манев го познавам исто така од ангажманот во здружението, а подоцна, по регистрацијата и со неговиот ангажман до општинската во Велес. Амбициозен и алчен за пари. Имаше неколку конфликти за пари во партијата, меѓу кои и со сведокот Стефан Димовски од Струмица. Меѓусебно имале купопродажба на некоја земјоделска механизација, па Велибор не го доплатил износот, па имаше агресивен испад на Велибор, помеѓу нив двајца на состанок на партијата. Исто така со Петрушев, му позајмил 1000 швајцарски франци, кои Велибор не ги вратил, па ме извести мене како претседател на партијата. Ми прати документ од ‘Вестер унијон’ дека му дал 1000 швајцарски франци по што јас преземав обврска и го решив тој проблем. Парите се вратени за да нема расправии и компромитација на самата партија. Велибор Манев го зачлени во ‘Десна’, Боре Видевски. Тој е скромен, дисциплиниран и посветен на работата. Не сум имал шанса социјално да се дружам со него, за подобро да го запознаам. Целокупното запознавање е последица на партиски ангажман. Што се однесува до Александар Ѓорчевски, името и презимето ги прочитав во кривичната пријава кога ми ја доставија во ќелија. Тоа е околу познанството. Во однос на патот сакав да дополнам, причината за патот ја наведов. Иако, при самото испрашување во ОЈО, обвинителот сугерираше дека сум бегал. Но насловите во медиумите не беа во прашална форма и беше тврдење. На 30.11 заминав на пат за Белград, подготовките беа идентични како што сведочеше Васко Стојков, сведок на ОЈО, кој ме возеше до Белград. Заминав со регуларна патна исправа, на регуларен патен премин, на регуларен начин. Во Белград се видов со неколку пријатели и како што го објасни Васко Стојков во своето сведочење, со професорот Чкребаљ со кого имаме плодна соработка веќе неколку години. Подоцна со регуларен пасош, се пријавив во хотел каде преноќив. Сабајлето имав уште еден состанок со невладина организација, студенти од Правен факултет. Васко Стојков имаше обврски, јас го контактирав Стефан Димковски за да ме транспортира до Турција. Во оваа прилика добро е да се објасни понижувачкото однесување на обвинителите кон мене, бидејќи поставуваа прашања на сведоците: ‘Дали сум бил пријавен и кај кој доктор, дали сум закажал операција и кај кого’, а добро им е познато на обвинителите дека во мојот исказ пред ОЈО од 05.06.2024 година, на обвинителката јасно и објаснив дека јас сакав да правам магнетна резонанца, на друго место а не во Македонија. Кога правиш магнетна резонанца добиваш и специјалистичко мислење за неа. Тоа за мене значи второ стручно мислење пред да одлучам дали ќе се оперирам или не. Обвинителството ми одзеде куп гардероба и тетратки кои не се во листата на докази, но најважно – евтино: две ЦД од магнетна резонанца кои не постојат во записникот за одземени предмети во КПУ Затвор Скопје, што е смешно и трагично, бидејќи тие две магнетни резонанци, можам да добијам копија кога сакам од Систина, кога ми треба. Не значат ништо. А ги носев со себе бидејќи едната е од 2016 година, а другата е од 2020 година и кога ќе направите трета магнетна резонанца можете да направите хронологија на болеста од неколку години. Крадењето на две ЦД-ја на ваков беден начин, заборавиле да ги стават во записник го покажува и односот. На судот му доставив доказ од Систина каде професорот Лозанче јасно кажал и потпишал во 2020 година, јули месец…. (нз). Тоа е една од трите причини за моето патување, а за медиумите – бегство, брифирани од неколку обвинители и Јанаки Митровски за случувањата во Кривичниот суд. Познатиот шарен револуционер. Втората причина е Воениот архив во Истанбул каде требаше да земам доказ дека Баница, на 4 мај 1903 година немало ниту еден аскер, и дека Гоце Делчев не е убиен од турска војска туку од врховисти. Тоа е од интерес и на Република Турција да се расчисти. Третата причина зошто сум гледал карти до Минск и Москва, е мојата желба и намера да одам во Москва. Ниту сум букирал карта како што кажа обвинителката, нуту сум купил. Туку мојата желба и намера не се реализирана. Јас требаше да одам во Москва да земам копија од ногородските ливчиња од јавната библиотека во Москва, за да донесам копија за политичката партија Десна од најстариот христијански документ издаден од патријаршијата, кој го чуваат во Москва. Тоа се трите причини како 10-12 дена да се одморам од состаноци. Зборував со Велибор Манев, кој ми најде пријател во Истанбул кој зборува македонски. Требаше да се земе куќа,  ама беше тешко да се најде. Па најде во Баликсери, 200 километри од Истанбул. Еден ден ми требаше да изгубам за магнетна резонанца во Истанбул, да го направам (поткастот) Крш 114, во неделата на 03.12, кој не го направив од познати причини – бев прогласен за монструм веќе на 03 декември. Беше смешно да правам поткаст. Имав карта резервирано, но не авионска туку автобуска од Баликесир до Истанбул за да ги направам работите кои претходно ги објаснив. Не ја искористив картата и не отидов до Истанбул и добро е што не отидов, затоа што дополнително ќе беше објаснето како бегство. На 03. декември вечерта во 20 часот се правеше претрес во куќата каде живее моето семејство. Ми се јави Васко Стојков додека трае претресот, во својство на адвокат кој бил присутен и ми го кажа она што тука го просведочи, а јас ќе го повторам – ‘најдобро е да си дојдеш и да си дадеш изјава, овде не си осомничен туку пресуден’. Почна расправија бев многу лут, но Васко ја прекина линијата, а во судот објасни дека инспекторот од МВР барал да спушти. Претходниот ден, Васко Стојков ми се јави и ми рече дека инспекторите прашуваат кај сум, јас кажав Баликесир, Турција. Не е точно дека сум бил недостапен за органите на прогонот. Ме праша претходно каде и кога сум сум се движел низ Дебар маало и со кое возило, а бидејќи бев лут му кажав на Стојков да почека да размислам и дека ќе се јавам за брзо и дека ќе му издиктирам кога каде и како се движам во Дебар маало. И кажав од прилика. Тврдењето низ медиуми, а во суштина е тврдење на ОЈО кое брифира медиуми дека јас сум во бегство е брутална лага. А дополнително судот и писмено му се обратив да ги издвои доказите од возилото ‘ренџ ровер’ со струмички таблици, има врз него криминалистичко-техничка обработка на 05 декември, возило со кое сум патувал од Белград до Турција кој нема никаква врска со кривично правниот настан за кој се судиме, а каде се пронајдени единствени 7 ДНК траги. Заедно со предметите од место на настан Дупки се ставени и овие, што немаат никаква врска со убиството на детево… И отпушоци се ставени во доказите, дадов приговор, ова е уште едно подметнување од Јавниот обвинител. Тие докази не се од место на настан, немаат поврзаност. Јас не го негирам патувањето ниту моето присуство во автомобилот ‘ренџ ровер’ и го молам судот да ги издвои тие предмети или да се декларираат како што треба, дека се премдети пронајдени од патување на Палевски а не од лице место. Имав контакт и со брат ми Баже Палевски, кој бил распрашан од полицијата и Обвинителството во текот на истрагата, кој потврдил дека се наоѓам во Турција. Но кажа и една многу важна работа, која во дополнителна работа која ќе биде предочена во  судот, дека единицата за насилен криминал без пишан документ на 1 декември во 17:30 часот, само 30 минути по печатење на извештајот за движење на Рено Кангу двајца инспектори отишле во село Глуво кај мајка ми во викендица да ме бараат мене, да прашаат какво возило возам и како се вика мојата сопруга. Откако дознале дека мојата сопруга не е сопственик на ‘Реното Кангу’, двајцата инспектори си заминале. Прашањето на кое ОЈО некогаш ќе мора да одговори, е што барале на 1 декември инспектори во Глуво, да бараат ‘Рено кангу’, а тоа е паркирано во центар на Скопје?

Претходно:

Распитот е во тек.

На почеток