Починат е планинарот кој синоќа исчезна кај Велес

Од
Објавено на

Велешкиот планинар Стојче Пецевски, кој исчезна на ридот ГРООТ, во близина на Велес, пронајден е починат.
Информацијата ја соопшти директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.
„За жал лицето е пронајдено починато. Немаме информации за причините на смртта. Потрагата официјално ја водеше МВР а во текот на ноќта покрај членови на семејството во потрагата учествуваше и искусниот планинар и спасител Надир Мурсели. Утрово немаше услови за хеликоптерска претрага, откако временските услови овозможија лет на хеликоптерот исчезнатото лице беше пронајдено починато, непосредно пред да полета хеликоптерот на МВР”, рече Ангелов.
