(Видео) Низ солзи советничка од ВМРО-ДПМНЕ поднесе оставка од Советот во Кочани


Советничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани, Кристина Атанасова-Арсова, низ солзи поднесе оставка од функцијата советник.
„Ќе побарам прошка и извинување на сите граѓани кои дадоа глас за мене како дел од советничката листа, затоа што не успеав да реализирам многу работи бидејќи тие работи не беа приоритет за градоначалникот и раководството. Истите водени од своите суети, понесени од моќта на функциите, се грижеа само за своите интереси, истакна советничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
„Јас во иднина ќе се посветам на моето дете кое е повредено и на сите деца кои се повредени. Сите идеали на овој свет не вредат колку солзите на едно дете, истакна советничката Атанасова-Арсовска.
Советот на Кочани денеска бира в.д градоначалник за што има двајца кандидати. Едниот е независниот Венко Крстевски, а другиот е предлог на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ – Гоце Марков.
Независниот кандидат Венко Крстевски од говорницата порача дека подава рака на обединување.
Советникот Мирче Стојков од ВМРО-ДПМНЕ го критикуваше Крстевски, забележувајќи му дека немал високо образование.
Ивица Лазаров, советник од редовите на СДСМ, рече дека Кочани е мртов, сите сме мртви, а во салата овде се почнало со политика.
„Со кое лице барате градоначалник, ние сега бараме техничко лице”, рече советникот од СДСМ, залагајќи се да се обезбедат средства за помош на семејствата и повредените.
