Македонија

Венко Крстевски е в.д. градоначалник на Кочани

Независниот советник Венко Крстевски е избран за вршител на должноста Градоначалник на Кочани.

За Крстевски гласаа девет од присутните советници, додека еден советник беше воздржан.
Тој е избран во вториот круг на поединечно изјаснување на советниците, откако во првиот круг ниту еден од двајцата кандидати не освоија мнозинство од вкупниот број советници.

Во вториот круг, повеќе гласови освои Венко Крстевски, 9 гласови наспроти Гоце Марков од ВМРО-ДПМНЕ кој освои 8 гласови.

Новиот градоначалник ќе ја води општината до локалните изборите во месец октомври. По трагедијата во дискотеката „Пулс“, Љупчо Папазов во која загинаа 61 лице и многу беа повредени, си поднесе оставка.

На почеток