(Видео) Тешка сообраќајка во Аеродром, возило превртено на кров, едно лице повредено

Од
Објавено на

Тешка сообраќајка се случи во Аеродром, близу маркетот „Веро“, на булеварот „Јане Сандански“. Според првичните информации, се судриле два автомобили. Едниот, од силината на ударот, се превртен на кров, а возачот бил изваден од внатре. Засега е познато дека едно лице е повредено, но надвор од животна опасност
Засега, не е позната состојбата на возачите. На лице место може да се види дека е причинета голема материјална штета, а на булеварот се и лични предмети на сопственикот на превртениот автомобил.
Повеќе детали се очекуваат од МВР.
