Македонија

Таравари останува со Вреди, ама под негови правила – кои се спротивни на коалицијата

Арбен Таравари и неговото крило од Алијансата на Албанците останува во коалиција со Вреди, одлучиле на вчерашниот состанок. Тој рече дека нема да се тргнат од оваа колаиција, како и дека ќе излезат со нивни листи за советници.

„АА одлучи дека во сите општини каде што се кандидираат Албанци, ќе настапи со посебни листи за општински советници. Не може од коалицијата Вреди да очекуваат за кандидати градоначалници без одржани анкети за јавно мислење“, рече Таравари.

Ваквата одлука може да ги наруши односите со останатите партии во коалицијата, бидејќи претходно Изет Меџити од Демократското движење кажа дека одлуките за настап на претстојните избори се клучни за тоа кој останува, а кој си оди. Притоа, потенцираше дека планот е сите партии да се спојат во еден субјект.

„Ако нѐ исклучат, ќе постапиме соодветно“, рече Таравари.

Засега нема реакција од Меџити. Претходно, Таравари беше обвинет дека кокетира со ДУИ.

На почеток