„Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

(Видео) Адвокат бара реконструкција на убиствата на Вања и Панче и враќање на предметот во истрага

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
Screenshot-2025-03-05-at-10.32.50

Адвокатот Бојан Манев, бранител на обвинетиот Боре Видевски вели дека е неминовна потребата од реконструкција на грабнувањата и убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Според него, има три причини за ова. Посочи и дека предметот треба да се врати во истрага.

— реклама —

— реклама —

„Ова е фаза на постапката кога секој ја кажува својата верзија. На крајот, неминовно е по исказите кои се дадени, да се направи реконструкција на настанот и неминовно е настанот да се врати во истрага. Ова од неколку причини. Првично бидејќи се споменуваат други лица кои не се обвинети, ниту учесници, а се споменуваат во исказите на обвинетите. Постојат неколку снимки кои Обвинителство не ги дале да се гледаат, а едни од нив се од бензиската станица Лукоил во Велес, каде се гледа ликот на Панче Жежовски, а е направена на 22-ри денски. А викаат дека човекот е убиен на 22-ри во 09 часот. Некои работи мора да се расчистат дали со реконструкција дали со враќање на предметот во истрага“, рече адвокатот Манев.

Тој рече дека не е спорно што адвокатот на Љупчо Палевски-Палчо се разбоил.

„Денешното одложување е поради здравствените проблеми на адвокатот на Љупчо Палевски, на секого може да му се случи да има здравствен проблем и да има висок крвен притисок. Мислам дека тоа е во ред. Согласно ЗКП, судијата има право да постави бранител по службена должност, меѓутоа мислам дека е човечки едно одлагање, да се дозволи. Мислам дека не се работи за бегање, туку здравствен проблем. Во ред е тоа што го зборува судијата, но мислам дека не е проблем, ќе дојде на наредното рочиште“, рече адвокатот Бојан Манев, бранител на обвинетиот Боре Видевски.

„Зошто возниот ред на 5-ти април за автобусот број 60

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања