Македонија

Станковски: На Мијалков му кажав дека е грешка вториот избор на Иванов, Груевски требаше да е претседател

Поранешниот специјалец Антонио Станковски во Претрес со Ландов рече дека сака шпиони, но не и кодоши.

„Секоја држава има шпионски служби кои го помагаат функционирањето на безбедносните служби”, рече Станковски.

Тој на Мијалков му кажал дека повторниот избор на Иванов е грешка, Груевски требал да е претседател.

„Иванов по првиот мандат требаше да замине во пензија, а на негово место да дојде Груевски.
Ако Груевски беше претседател повеќе ќе имаше време за размислување и да ја контролира државата”, рече Станковски.

За Синиша Алексовски, кој беше и советник кај Иванов рече дека ги увеличува работите, а за себе правел приказна дека е недопирлив.

На почеток