Скопје

Им ја дадоа платата на вработените во „Улици и патишта“, по вчерашниот штрајк и најавата дека ќе одат кај градоначалничката да протестираат

Вработените во ЈП „Улици и патишта“ ја земале платата, откако вчера наместо на работните места беа пред дирекцијата, а за денеска планираа да отидат кај градоначалничката Данела Арсовска да протестираат. Вработени нѐ брифираат дека парите легнале денеска на нивните сметки. Наместо одговори од „Улици и патишта“ на прашањата за случувањта во претпријатието, до нас стигна одговор од адвокатот Трајче Арсов кој се претстави како нивни полномошник.

„Платите на сите вработени се исплатени. Точно е дека група на вработени на 16.04 се обидоа го попречат работниот процес во јавното претпријатие и да влијаат на останатите вработени да ги попречат во секојдневното извршување на нивните работни должности. Како ЈП кое доследно ги почитува законските прописи, за секое непочитување на работниот ред и дисциплина ќе биде покрената соодветна дисциплинска постапка согласно закон“, стои во дописот од Трајче Арсов.

Од Град Скопје, каде исто така испративме прашања, нема никаков став до овој момент за случувањата во ЈП „Улици и патишта“.

Претходно:

(Фото) На „Улици и патишта“ им ја исклучија па вклучија струјата оти должат за сметки, а дел од вработените штрајкуваа барајќи ја платата

На почеток