Македонија

Ужасна несреќа вечерва: Три лица загинаа на патот Кичево-Гостивар

Во 20.55 часот е пријавено дека се случила сообраќајна незгода на патот Кичево-Гостивар, помеѓу Кичево и село Трапчин Дол во која учествувале три возила.

„Според првичните информации три лица починале како последица на добиените повреди, а осум лица се повредени и дел од нив се пренесуваат во болницата во Кичево дел во Клинички центар Мајка Тереза во Скопје“, велат од МВР за „Скопје1“.

Сообраќајот е во прекин во двата правци за сите видови возила.

На почеток