Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

СДС се занимава со сè и сешто, шета од тема на тема, само не дава одговор дали Филипче и Заев имаат златни визи за Дубаи, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
zaev-filipce

„Времето изминува, СДС се занимава со сè и сешто, шета од тема на тема, но за темите што ги интересира цела јавност ги нема ни збор да кажат“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:

Веќе извесен период прашуваме и ги повикуваме СДС, Венко Филипче и Зоран Заев да одговорат дали поседуваат златни визи за Дубаи? Ако поседуваат, тогаш на кој начин ги стекнале имајќи предвид дека таквите визи се стекнуваат со вложувања или инвестиции кои надминуваат и неколку милиони?

— реклама —

Дали Зоран Заев во Дубаи гради високи згради од над 50 ката и дали на тој начин ја стекнал златната виза? Ако е така, колку милиони однесе таму и од каде му се парите?

— реклама —

Оттука, го поставуваме и прашањето, дали и Филипче исто така е поврзан со оваа афера, па затоа од неговиот ментор Заев е поставен на чело на СДС за да му го чува грбот?

— реклама —

Сите знаат дека Филипче е верна сенка на Заев и дека тие двајцата се прават заедно, па оттаму е и дилемата дека во аферата со висококатниците во Дубаи можно е и тој да е вклучен.

Овие двајца беа неразделни и за време на нивното заедничко владеење, па така се богатеа врз грбот на граѓаните местејќи тендери, посебно во ковид кризата каде што живи беа фатени како договараат милионски провизии за набавка на вакцини.

Венко Филипче и неговиот ментор Заев со години наназад ја уништуваа и ограбуваа државата, па тие пари сега ги вложуваат во приватни бизниси. Во јавноста глумеа дека ја спасуваа Македонија, но тие само се спасувале самите себеси и милиони спечалени врз грбот и здравјето на граѓаните.

Зачудувачки е нивниот молк и фактот што на сите овие прашања и дилеми Филипче, Заев и СДС, ниту реагираат ниту пак ги демантираат. Можеби затоа што немаат аргументи и затоа што сите овие дилеми се точни, одговор треба да дадат тие.

Но едно е сигурно, СДС, Заев и Филипче, се синоним за криминал, неспособност и национални предавства.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

pari

Власта тврди дека економијата стабилизира: „СДС ја задолжи државата“

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
IMG_6201

Петрушевски: СДСМ и Филипче живеат во паралелна реалност

Македонија | пред 1 ден

media-libraryiafq8mcg92hr4Q1b2cH

ВМРО-ДПМНЕ со жестоки критики: „СДС ќе се сведе на уште помалку гласови“

Македонија | пред 1 ден

media-libraryb766v9mr1t78dpbpJfe

ВМРО-ДПМНЕ: СДС наместо реформи се фокусира на странски избори и пропаганда

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања