Скопје

(Фото) Откако жителите најавија радикализација, Град Скопје започна да ја реконструира улицата во Волково

По острите реакции на жителите, Град Скопје под раководство на Данела Арсвоска започна со реконструкција на улицата која води до Волково. Ова доаѓа откако таа седеше раскопана и со дупки повеќе од половина година, а по поставување на атмосферска каначизација. Сега, поставена е табла на која стои дека изведувач на работите е Јавното претпријатие „Улици и патишта“.

Стартот на реконструкцијата доаѓа по само еден ден откако жителите реагираа јавно и кажаа дека ќе се радикализираат ако не се започне со санација на улицата, која поврзува најмалку четири населени места.

Жителите на скопско Волково бара итно санирање на раскопаната улица: Ако не го решите ова, следуваат радикални мерки

На почеток