Палевски „впери прст“ во Манев за убиството на Жежовски, тврди дека сведокот лажел, а и дека снимките кои ги фатија со мотороли се само збир на инсерти


Првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо, кој се товари за планирање и реализација на убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, го „впери простот“ кон Велибор Манев, кој призна вина и раскажа негова верзија за грозоморните чинови. Истовремено, Палевски, го оспорува сведокот Ерол Османи, кој кажа дека обвинетиот бил кај него дома на 28 ноември (ден по убиството на Вања Ѓорчевска), а не како што тврди Палевски на 22 ноември, денот кога според Обвинителството е убиен Панче Жежовски. За Палевски и снимките од камерите направени во дворот на Манев се само збир на инсерти и не се од вечерта и денот кога е убиен Манев. Прашан дали го познавал Жежовски, рече дека не знаел ниту дека постои таков човек, ниту имал комуникација, а го осознал од судските списи за предметот.
„Наивно е објаснувањето на Манев за Жежовски, површно и неточно. Помеѓу нив има повеќе од кавга за бекатон коцки, има кривична пријава која Жежовски за Манев, која е отфрлена во Велес. Во претставките кои Жежовски ги поднел до Советот на јавни обвинители, тврди дека Манев е под заштита на Обвинителството во Велес. Има поплаки и до МВР и СВР Велес, а таму е опишано што се случувало. Жежовски, 10 години се занимавал со Манев, имало омраза меѓу нив. И на местото на настанот каде се случило убиството, излегла обвинителката која ја отфрлила кривичната пријава против Манев“, рече Палевски.
За снимките кои ги презентираше Обвинителството, на кои се гледаат Палевски, Велибор Манев, Влатко Кешишев и Боре Видевски, а кои според обвинителите се подготвувале за грабнувањето на Панче Жежовски, Палевски рече дека се само збир на инсерти со фалсификувано време: „И не е проблем што им требало осум месеци да го вештачат, туку самото однесување на ЈО за тоа што е јасно напишано дека е предадено на 5.9.2024 година, две недели пред почетокот на главната расправа. Очаен е обидот со исказ на обвинети да се потврди ова видео е неуспешен“.
Го оспоруваше и исказот на сведокот Ерол Османи. Според Палевски, тој бил кај него да поправа котел на 22 ноември, а сведокот рече дека тоа не е точно. На рочиштето покажа и принтскринови од пораки кои ги размениле додека во тек бил поткаст, а во кои Палевски му велел дека ќе дојде кај него по поткастот кој во моментот го водел. Според Палевски, тоа се е лага.
„На 28 ноември, невозможно е да бидам во Бутел кај Османи и да поправам котел. Поткастот почна во 10:11 минути и траеше до после 12 часот. Османи тврди дека во 11:42 сум му пратил порака дека ќе дојдам кај него во Бутел. Проблем е што тој не ја говори вистината. Тогаш добив порака од експратеникот Бошков дека мојот глас на поткастот слабо се слуша, а ќерка ми ја земав од пред Алкалоид во околу 13 часот. Физички е невозможно да бидам во Бутел и да поправам котел“, додаде Палевски.
Во однос на тврдењата на Палевски, овој став го застапуваше и адвокатот Јовица Страшевски во „Претрес“. Еве точно за што станува збор:
View this post on Instagram
Рочиштето е во тек.
