Македонија

Во удар на гром, загина маж во Прилеп

Вчера попладнето, загина лице по удар од гром во Прилеп. За ова извести Центарот за управување со кризи, кои го добиле повикот за помош. Сѐ се случувало во селото Мажучиште.

„Од Секторот за операции и координација на ЦУК, веднаш биле известени во МВР и во Итната медицинска помош (ИМП) за понатамошна постапка. Според последната информација добиена од РЦУК Битола истите известиле до ЦУК дека лицето од село Мажучиште, Општина Прилеп било погодено од гром по што е пренесено во Итна медицинска помош во Прилеп и била констатирана неговата смрт“, велат кусо од ЦУК.

На почеток