И Таравари има информации за нечесни доктори: Сите што грешат треба да одговараат


„Првин се случи една акција во Геријатрија, тој беше член на нашата партија, утредента го разрешив од директор и следниот ден го исклучивме од партијата. Сите што грешат треба да одговараат“, ова го посочи министерот за здравство, Арбен Таравари, на прашањето поврзано со вчерашното апсење на доктори поради незаконско овозможување на инвалидски пензии и пари за туѓа нега.
„Ние не сме ниту полиција, ниту Јавно обвинителство, ниту ги следиме луѓето, меѓутоа ги поздравувам овие акции. И јас имам информации дека има такви доктори, не се сите, не сакам да генерализирам, но онаму каде што постојат сомнежи ги поддржувам со сета почит и стоиме како Министерство за здравство тука за да им помогнеме во сите вакви акции да се расчисти со криминалот и корупцијата“, рече министерот Таравари.
Тој посочи дека има информации за злоупотреби од страна на вработени во здравствените установи, но, како што вели, не сака да генерализира и не се сите доктори такви.
„Но, таму кај што постојат сомнежи ги поддржувам, со сета почит и стоиме како министерство за здравство, тука да помогнеме на сите вакви акции за да се исчисти криминалот и корупцијата“, рече Таравари.
