Македонија

Крај на агонијата, стигна дел од биолошката терапија за онколошките пациенти

Дел од пациентите болни од рак, од утрово почнаа да ја примаат биолошката терапија која за нив значи живот.

Во текот на денот и сукцесивно во текот на наредната недела ќе се дистрибуираат сите неопходно лекови.

Поради административни процедури дел од пациентите што се лекуваат на Клиниката за радиотерапија и онкологија повеќе од еден месец живееја во страв и неизвесност.

Пациентите телефонски се известуваат од страна на персоналот кога да дојдат за да им биде аплицирана терапијата или да подигнат таблетарната терапија.

Од Клиниката пред 10-на дена информираа дека процедурата за годишната набавка на терапија е во тек и дека по Велигден ќе се потпишат договорите со добавувачите кои беа подготвени за дистрибуција.

На почеток