„Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Антикорупционерката Димитровска може само да зема плата, но не и да работи, ама не се ни појавила на работното место

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
Screenshot-2025-04-25-at-21.38.39

Претседателката на Комисијата за спречување корупција (ДКСК), Татјана Димитровска, која сега е осомничена за оддавање на службена тајна на ексдиректорот на ТЕЦ Неготино и осомничен во предметот „Адитив“, денеска не се појавила на работа. Истовремено таа од судот доби забрана за било каков контакт со предмети во рамки на Антикорупциска.

— реклама —

„Осомничената не смее да има контакт со предмети, пошта и друга документација поврзана со работењето на ДКСК, воедно не може да гласа и да распределува предмети“, велат од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, кои го водат предметот против неа, што би значело дека таа може само да зема плата, а ништо да не работи. Засега нема ниту постапка за нејзино разрешување од пратениците, кои ја избраа Димитровска за член на Комисијата.

Димитровска се сомничи дека издавала информации од предмети, но и одлуки по предмети на ексдиректорот на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ. До сознанијата се дошло откако бил вештачен неговиот телефон, па се најдени пораките на „Ватс'ап“ и „Вибер“, соопшти Обвинителството.

— реклама —

Истовремено, Антикорупциската комисија со која претседава Димитровска досега постапувала по предмети кои ги отвориле, а се поврзани со случајот „Адитив“. Пријавите биле отфрлени со потпис на претседателката.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања