Македонија

(Вознемирувачко видео) По кражбите во црквите во Кривогаштани, жители сами го барале крадецот

Две кражби, во две цркви имало во селото Обршани во Кривогаштани, а кои се пријавени во МВР. По ова, на социјалните мрежи се прошири снимка на која се гледа како жители во темница, фатиле лице за кое се сомневале дека е сторителот на двете дела. Истата е вознемирувачка.

„Дај да го заколам на место бе. Абе кај си бил? Ќе те отепам како пес на место. Кажи кај одиш“, вели лицето кое го држи, а другиот тврди дека не крадел и не одговара каде одел, а се претсатвува дека е од Велес.

(ВОЗНЕМИРУВАЧКОТО ВИДЕО МОЖЕТЕ ДА ГО ВИДИТЕ ТУКА)

„Скопје1“ побара став од Секторот за внатрешни работи Битола од каде велат дека немале пријава за настанот, но полицијата ја има снимката и истата се проверува.

„До овој момент во СВР Битола нема официјална пријава за таков настан, но полициските службеници ја проверуваат информацијата и работат на расчистување на настанот преку откривање на локацијата и лицата на видеото. Во Полициското одделение Кривогаштани во текот на вчерашниот ден биле пријавени два настани за кражби во верски објект(цркви) во с.Обршани каде биле одземени парични средства,се работи на расчистување на настанот“, вели Сања Стаматова, портпаролка на СВР Битола.

Снимките од кражбата се објавени и јавно. Ако се погледне снимката од кражбата и снимката каде е фатено лицето – може да се забележи истата маица.

На почеток