Папата Франциск погребан во присуство на илјадници верници и шефови на држави и влади


Десетици илјади луѓе од сите делови на светот се собраа во Ватикан за да ја оддадат последната почит на Папата Франциск, првиот латино-американски папа кој на светата столица беше 12 години. Ќе остане запаметен како Папа кој ги стави сиромашните на прво место и ја водеше Црквата со отворено срце. Над 150.000 луѓе го исполнија Плоштадот. Меѓу нив присуствуваа и светските лидери Трамп, Макрон и украинскиот претседател Зеленски. Претседателот на САД, кој има долгогодишна врска со Католичката црква, беше меѓу првите кои ги оддадоа своите почести.
На погребот на потифот присуствуваа 164 делегации на светски лидери и претставници на кралски семејства, меѓу нив е и македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова. Деканот на Колегиумот на кардинали, Џовани Батиста Ре, кој ја водеше светата миса и ја исполни последната желба на папата за скромно и достоинствено испраќање, ја истакна неговата непоколеблива посветеност кон мирот и правдата. Спомена и за неговата постојана борба за мир и за неговата безусловна посветеност на најранливите, особено во време на глобални конфликти и човечки страдања.
По церемонијата во Рим, ковчегот на Папата е пренесен до црквата „Санта Марија Маџоре“, тука ќе биде и погребан. Неговото заминување е загуба не само за Црквата, туку и за светот кој го гледа како симбол на надеж и отвореност. Папа Франциск беше повеќе од духовен лидер, тој беше човек кој ја поттикнуваше хуманоста и правдата. Во Ватикан ќе продолжи собирот на 135-те кардинали, чијашто конклава за избор на нов папа најверојатно ќе почне на 5-ти мај.
